Регион

Видео – Пожар кај ветерниците во Богданци, пожарната на терен но заради непристапност треба интервенција со канадери

Попладнево избувна пожар кај Погана над месноста Белото поле општина Богданци кој се прошири меѓу селата Ѓопчели и Грчиште во близина на ветерниците кој и понатаму е активен . Пожарот избувнал на непристапен терен и тешко стасуваат екипите на противпожарните единици заради што се потребни канадери.

ТВ 24 објави видео од пламените јазици од пожарот во општина Богданци околу 19 часот. Информациите говорат дека пожарот и понатаму е активен но не се загрозени ветерниците. Пожар има и на месноста Боска во општина Дојран

Препорачуваме:

Во Струмица 13 млади лица се стекнаа со сертификати за спасувачи на вода

Ѓ. K.

Познатиот собирач на народни умотворби Иван Котев одржа час по фолклористика во ООУ „Даме Груев“ – Куклиш

Ѓ. K.

Во Гевгелија општински натпревар -Детски семафор