Регион

Советот на општина Гевгелија утре на вонредна седница

 Вонредната седницата е закажана по барањето на градоначалникот на општина Гевгелија, согласно член 32 став (2) од Статутот на општина Гевгелија, заради разгледување на неколку точки од делокругот на работата на ЈОУДГ “Детска радост”-Гевгелија, кои што се од итен карактер и се поврзани со конкретни рокови. Станува збор за три точки, кои што беа дел од дневниот ред на прекинатата 27.седница на Советот на општина Гевгелија над 24.06.2019 година.
„Со оддржување на оваа седница и со усвојувањето на предложените точки од дневниот ред, се создаваат услови за зголемување на платите кај давателите на услуги во оваа општинска установа, почнувајќи со пресметката на платата за месец јуни 2019 година“, стои во предлогот на градоначалникот на општина Гевгелија за закажување на вонредната седница.
Имено, на дневен ред на 28.седница на Советот на општина Гевгелија, која ќе започне во 11 часот, ќе се најдат следните точки:


1.Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешната организација на работните места во ЈОУДГ “Детска радост”-Гевгелија,

2.Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за систематизацијата на работните места во ЈОУДГ “Детска радост”-Гевгелија.


3.Предлог-Одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на услугите и на директорот на ЈОУДГ “Детска радост”-Гевгелија за 2019 година.

Препорачуваме:

Преку проектот ,,Туризмот иднина на регионот“ во Босилово ќе има спортско рекреативна патека

Ване Трајков

Од денес се воведува зонско паркирање во Дојран.Општинските власти сметаат дека ќе се создаде ред во пракирањето на целата територија на Стар Дојран

Нови 38 позитивни на ковид-19 во Струмица

Ване Трајков