Регион

Превенцијата како клучен фактор во зачувувањето на општото здравје на целата популација, меѓу главните акценти на Конгесот на педијатри во Струмица

Превенцијата како клучен фактор во зачувувањето на општото здравје на целата популација.Тридневниот конгес на педијатрите ги собра сите на едно место, токму во Струмица во организација на македонското здружение на педијатрите кои велат дека размената на искуствата , но и знаењата помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата е токму за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

На 7 по ред конгрес на педијатри во Струмица е и преседателот на светската асоцијација на педијатри доктор Енвер Хасаноглу кој вели дека е горд што може да ги слушне искуствата и размислувањата на лекарите кои имаат една единствена цел, здравјето на децата.

Со воведувањето на новите вакцини за рота вирусот и пневмококата , лекарите очекуваат имунизацијата да се искачи скала погоре.Велат дека ќе се намалат и хоспитализацијата на децата кои произлегуваат и се токму како последица на заболувањата кои ќе се редуцираат токму со новите вакцини.

Пеедијатрите од Струмица силно веруваат во имунизацијата и сметаат дека само така ќе одржиме општото здравје на децата да биде на повисоко ниво , но и ќе ги сузбиеме антивакциналните кампањи кои го загрозуваат детскиот живот.

На овогодинешниот конгерес на педијатри ,свои стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за понатамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7-ми Конгрес ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

Препорачуваме:

Возило се преврте на 20-тина километри од „Богородица“

Ѓ. K.

ВИДЕО: Дојран очекува 250 илјади евра за реконструкција на пречестителната станица

Струмичкиот гинеколог Маџунков силно ги охрабрува трудниците за вакцинација