• Mon. May 13th, 2024

Електронска евиденција на превентивна здравствена заштита

Во Националниот систем за електронски евиденции во здравствотоe изработeн систем за електорнска евиденција на неколку модули преку кои ќе се следи состојбата, односно спроведувањето на превентивната здравствена заштита во државата. Паралелно ќе се следат Имунизацијата, систематските прегледи и патронажната служба.

Во прва фаза се изработени решенијата за имунизација и систематски прегледи кај деца од предучилишна и училишна возраст.

Модулот за имунизација овозможува управување со снабдувањето со вакцини, прецизно планирање на барањата за вакцини на национално ниво според календарот на имунизација, демографските податоци и програмите за превентивна имунизација, како и евидентирање на податоци за секоја поединечна вакцинација како и евиденција на  несакани реакции по вакцинација од страна на вработените во вакциналните пунктови.

Во модулот за систематски прегледи се опфатени систематските прегледи во предучилишна и училишна возраст, со можност за внес на сите податоци од прегледот: висина, тежина, проценка на вид, телесна развиеност, лабораториски анализи и сл. Во картонот за предучилишна возраст се преземаат дел од податоците кои претходно биле внесени во породилиште.

Изработката на модулите е во целост мониторирана од страна на Управата за електронско здравство и Министерството за здравство, а во соработка со превентивните тимови од здравствените установи.

Почнувајќи од 13 јуни 2018 година во просториите на Управата за електронско здравство секојдневно во групи се одржуваат  работилници со тимовите за имунизација и систематски прегледи. На работилницата се презентира изработеното софтверско решение, се дискутираат работните процеси со цел да се олесни и автоматизира работата во овој сегмент. Воедно се прави анализа на капацитетите на единиците за имунизација во однос на човечки и технички ресурси.

Процесите во модулот за е-имунизација започнуваат со регистрација на бебињата во породилиштата низ Македонија, односно со самото пополнување на пријава за раѓање се креира индивидуален имунизациски календар, а понатаму процесот на имунизација го презема еден од 34те превентивни здравствени центри.

Модулот за имунизација е поврзан со управување со вакцините од Национално депо, пренамена, до состојба во установите, при што по неколку месечна негова употреба во Македонија ќе имаме систем преку кој во реално време ќе може да се добие увид во состојбата на количините на вакцини во секој објект и во складиштата, како и со опфатот и текот на имунизацијата. Се очекува системот да обезбеди и скратување на некои административни постапки, како на пример издавање и доставување на потврда при запишување на дете во градинка или училиште.

Имајќи во предвид дека живееме во современо дигитално општество, преку воспоставувањето на ваков систем  можеме да направиме интерактивна визуелизација на статусот на вакцинација во Македонија, односно квалитативна и квантитативна застапеност на покриеноста на вакцинацијата со регионалната резолуција.

По завршувањето на првичната едукација, согласно планот за имплементација ќе се започне со внесување на податоци во системот. Во предвид е земена и потребата за внесување на ретроактивни податоци од хартиените картони, за што е изработен посебен проект кој исто така се очекува да биде реализиран во следните 12 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *