• Mon. May 20th, 2024

Проширување на надлежностите на локалната власт

Од 1 јануари, 2020 година се очекува да започне реализацијата

на нов бран во стратегискиот развој на децентрализацијата на локалната власт во земјата. Обезбедување на поголема финансиска стабилност на единиците на локалната власт и фазно пренесување на надлежности од централно на локално ниво, во областите каде ќе биде оценето дека е тоа можно и потребно.Ова беше договорено на средбата што Управниот одбор на ЗЕЛС ја реализираше со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на 22 јуни, 2019 година, во Струга.

Сакаме финансиска стабилизација за досега преземените надлежности. Потребно ни е да го стабилизираме финансиското работење на нашите институции, а доколку добиеме соодветни финансиски средства спремни сме да преземеме и нови надлежности“ истакна претседателот на ЗЕЛС, кој во своето излагање ги презентираше и другите предизвици со кои се соочуваат општините, истакна претседателот на ЗЕЛС Петар Шилегов, пренесувајќи ги барањата на локалнатите власти: Тој посочи на предизвиците во противпожарната заштита, во процесот на легализација на дивоградбите, потоа за потребата од скратување на роковите за донесување на планска документација, поддршката на руралните општини, концентрацијата на капиталните инвестиции, недостатокот на одредени професионални кадри во општинската администрација (урбанисти, архитекти, информатичари..) и слично. Шилегов ја потенцираше и потребата локалните власти да се поконцентрирани во собирањето на сопствените приходи, особено на данокот на имот, обезбедувањето на негова комплетна база и репроценка на даночната основица. 
-Владата е подготвена час поскоро да пренесе нови надлежности од централно на локално ниво. Со префрлените 51 милион евра за покривање на долговите на општините покажавме како Влада дека сме фокусирани да обезбедиме функционални локални заедници. Средствата што се предвидени од централно ниво за патишта и за водоводи, дополнително ќе им олеснат на општините, средствата од нивните буџети за овие намени, да ги насочат кон други потреби. Општините можат да помогнат многу во економскиот развој. Потребна е креативност во обезбедувањето средства преку проекти и рационалност каде што е можно. А интеграциите на нашата држава и отворањето на преговорите со ЕУ ќе значат и достапност на европски фондови и повеќе пари и за инфраструктурата, за животната средина, за проекти во социјалната сфера, образованието, културата. Владата подава рака за вистинска функционална децентрализација, потребно е пофункционално и попосветено решавање на работите“, потенцираше на средбата, Премиерот Зоран Заев, додавајќи дека од особена важност е секој локална власт да ги јакне сопствените административни капацитети ,кои ќе можат ефикасно да го понесат „товарот“ на сите промени.
Членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС изнесоа одредени актуелни предизвици, како и предлог-решенија, при што преовладуваше атмосферата на подготвеност за зафаќање со нови надлежности, доколку се создадат адекватни законски услови за нивно непречено спроведување. Од страна на градоначалникот Сашо Поцков беше укажано на две прашања кои ја засегаат општина Гевгелија: повраток на дел од приходите што се остваруваат во казино бизнисот во општината и вклучување на локалната самоуправа во постапката за лиценцирање, како и редефинирање на методологијата за повраток на ДДВ имајќи предвид дека според сегашните правила општина Гевгелија е изедначена со други општини, иако, на нејзина територија најголем дел од ДДВ се остварува од потрошувачката на грчките гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *