Заради превентива од ширење на коронавирусот, општина Дојран бара од Владата бара да донесе одлука со која ќе забрани престојот на домашни и странски граѓани кои по лични документи не се жители на ова општина. Ваква одлука донесе Советот на општината по препорака на локалниот совет за превенција и општинскиот штаб за заштита и спасување со цел да се намали фрекфенцијата за движење на викендаши во ова туристичко место
Општина Дојран изминатиов период го затвори сите детски и рекреативни игралишта, спортски терени за да се ограничи движењето на граѓаните како превентива од ширењето на Ковид 19 Меѓудругото има забрана и по сите рекреативни патеки во општината