• Thu. May 16th, 2024

Во Струмица се одржа трибина по повод 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје

ByЃ. K.

Oct 10, 2023

„Пандемија, војни, несигурност, борба за опстанок, страв од иднината… Тоа се само дел од причините кои доведоа до тоа стресот да стане наше секојдневие. Нарушувањето на човековото ментално здравје е сериозен проблем со кој се соочува светот“.

Ова е дел од обраќањето на градоначалникот Костадинов на денешната трибина по повод 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, која се одржа во организација на Општинската организација на Црвен крст – Струмица.

„За сите нешта кои го демнат здравјето на луѓето треба да зборуваме отворено. Само така ќе си помогнеме себеси, само така ќе им помогнеме и на другите. Да ја разбудиме емпатијата во нас, за наше заедничко добро и за доброто на општина Струмица“, истакна Костадинов.

By Ѓ. K.