Регион

Познат идентитетот на жртвите од синоќешната несреќа кај Бучим

Познати се идентитетите на жртвите во синоќешната сообраќајна несреќа на регионалниот пат Радовиш-Штип. 50 годишна струмичанка и 43 годишен скопјанец загинаа при судирот на автомобил мерцедес со скопски регистарски таблички , во кој се возеле настраданите, и автобус на Струмица Експрес. Очевидци, патници во автобусот, велат дека патничкото возило кое што се движело во правец од Штип кон Радовиш, изгубило контрола и удрило во автобусот кој што доаѓал од спротивната страна.

13мината патници во автобусот поминале со телесни повреди. Две потешко повредени студентки од Струмица се пренесени до Клиничкиот центар во Штип, додека на останатите им е укажана помош во радовишката болница. Сите се во стабилна здравствена состојба.

Според Мвр, несреќата се случила синоќа во 18.35 минути на крстосницата кај рудникот Бучим. Увидот на полициските екипи и јавниот обвинител траеше околу три часа, а сообраќајот беше прекинат во двата правци. Истрагата е во тек. Засега нема официјални информации кои се причините за несреќата.

Препорачуваме:

Утрово судење Основен суд Струмица за случајот – Белчовска

Стојне Митева

Општина Василево во Понеделник ќе ја одржи 38 ма седница на советот

Dimitar Micev

Вечерва премиера на документарниот филм „Сама, осудена или заштитена“-трауматични исповеди на жени-жртви за време на пандемијата

Сузана Мицева