Регион

Сите свињи од индивидуалните фарми кои не ги исполнуваат основните биосигурносни мерки ќе бидат заклани, а сточарите ќе бидат обесштетени

Сите кланици имаа обврска во рок од пет дена да ги исплатат фармерите кои заедно со свињите ќе донесат комплетна документација. Целта на оваа мерка за допопулација е да се превенира, а фармерите да бидат соодветно обесштетени
Сите свињи од индивидуалните фарми во државата кои не ги исполнуваат основните биосигурносни мерки ќе бидат заклани, а сточарите ќе бидат обесштетени. Целта на оваа мерка која ја донесе АХВ е да се намали ризикот од африканска чума, но и максимално да се искористи економскиот бенефит од преземањето и колењето на грлата.
Како што информираше Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за производство на месо и производи од месо при СКМ уште вчера беше натоварен првиот камион со свињи за колење. Сите кланици имаа обврска во рок од пет дена да ги исплатат фармерите кои заедно со свињите ќе донесат комплетна документација. Целта на оваа мерка за допопулација е да се превенира, а фармерите да бидат соодветно обесштетени.
-Обесштетувањето оди од три институции, откупот ќе биде исплатен од страна на преработувачите-кланици, според пазарната цена која е договорена со АХВ, остатокот до вредноста на пазарната цена ќе биде доплатена од АХВ и дополнителна субвенција од МЗШВ од 3.000 денари. Целта е да се превенира, а оние кои ќе продолжат да функционираат да продолжат на здрави основи, односно со примена на биосигурносни мерки.
За секое грло се издава здравствен сертификат од ветеринарното друштво и се изработува записник за вредноста на свињите кои се потпишува од сопственикот, од официјалниот ветеринар и од претставник на кланичната индустрија. Изготвено е и барање за надоместот кое ги содржи податоците за надоместокот и трансакциската сметка, а сумата најдоцна за пет дена треба да им биде исплатена на сопствениците.
Од Групацијата за производство на свинско месо при СКМ велат дека фармерите се задоволни со оваа мерка, бидејќи вкупната сума која ќе ја добијат за товеница од 100 килограми заедно со субвенцијата од 3.000 ќе изнесува 13.000 денари.
Се очекува во државата да бидат заклани помеѓу 15.000 и 18.000 грла, а месната индустрија има капацитет да обработи повеќе од половина од месото кое ќе се добие од свињите.

Препорачуваме:

Недостиг на работна сила на пазарот на труд?!

Шестмина ловџии останаа без ловечките пушки- полицијата одзеде осум ловечки пушки кај ветерниците во Богданци

Сузана Мицева

ВИДЕО: Нема интерес за патувања за новогодишните празници, велат од туристичките агенции