• Sat. May 18th, 2024

Недостиг на работна сила на пазарот на труд?!

Недостигот на работна сила се чувствува и на струмичкиот пазар на труд. Од струмичката бизнис заедница велат дека ако не се реши овој проблем, претстојат тешки денови за националната економија.

Од друга страна велат дека се соочуваме со гломазна и неефикасна администрација. Предлагаат намалувањето на бројот на вработени во јавната администрација и ослободување на работна сила по принцип на отпремнина која ќе биде правопрпорционална со годините стаж на административците.

Инаку според оселдните податови на Агенцијата за вработување, во Струмица има слободни 201 работно место. Од друга страна, како невработени во подрачната единица во Струмица се водат над 3.000 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *