• Wed. May 15th, 2024

Ќе се гради нов дневен центар за деца со аутизам

На предлог на министерството за труд и социјална политика Владата вчера ја разгледа и ја прифати информацијата за изградба на дневен центар за деца со аутизам.

При тоа Владата го задолжи ресорното министерство во рок од 30 дена да ја отпочне потребната постапка за вадење на градежна дозволи. За најдоцна 6 месеци Министерството за труд и социјална политика треба да ја информира Владата за целосната реализација на проектот.

На 77-мата седница на Владата министрите го прифатија предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на децата.
Предложените измени и дополнувања на овој закон се во насока на подобрување на финансиската состојба на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, како и овозможување на деца за кои се користи право на посебен додаток да бидат здравствено осигурени, доколку не се осигурени согласно закон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *