Регион

Се изготвува локален акциски план за заштита на жртвите од семејно насилство

Ќе има ли посигурно утре за жртвите на семејно насилство од о.Струмица. Семејното насилство е препознаен социјален проблем, кој носи бројни други социјални, економски и други општествени негативни импликации и како таков, неколку години наназад е стратешка цел на Организација на жени од Струмица за спречување или сведување на минимум на овј тип на насилство и поле на интензивна работа на стручните работници на локално ниво.

Координативното тело составено од претставници на речиси сите институции а предводено од Организација на Жени започна да го изготвува Локален акциски план , за заштита на жртвите на семејно насилство.Се очекува акцискиот план да донесе посигурна иднина за се поголемиот број жени жртви на семејното насилство а секако со неговата имплеметација да се превенира во делот на намлување на бројот на жртвите.
Ленче Христова ОЖ Струмица
Најголемиот дел од жртвите во Македонија се жени – 94 проценти, а 4 проценти се мажи.Во Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, насилството врз жените се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство кои доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.

Препорачуваме:

Уапсен струмичанец, ја тепал 59 годишната сопруга

Ѓ. K.

Центарот за јавно здравје во Струмица тестира за ковид-19 само еден час на ден

Сузана Мицева

Градоначалникот Костадинов од денеска е почесен член на Организацијата на резервни офицери

Ѓ. K.