Свет

Растат тензиите на полуостровот: Северна Кореја истрела две балистички ракети кон Јапонското море

Северна Кореја денеска во водите на Јапонското Море истрела две ракети со краток дострел, како реакција на започнатите воени вежби на Јужна Кореја и САД, соопшти Генералштабот на јужнокорејската Армија.

Како што јави агенцијата Јонхап, ракетите биле истрелани од провинцијата Северен Хвангхае, која граничи со Јужна Кореја, и по прелетаните 500 километри паднале во водите на Јапонското Море, источно од севенокорејскиот крајбрежен град Вонсан.

Според јунжнокрејскиот Генералштаб, истрелувањето на ракетите претставува воена провокација, која е одраз „на фрустрациите на Пјонгјанг“ поради неколкунеделните заеднички воени маневри на САД и Јужна Кореја.

Пред една недела, Северна Кореја во водите на Јапонскоот Море истрела шест ракети со краток дострел со калибар од 300 милиметри.

Препорачуваме:

Голем број земји се соочени со недостиг од респиратори

Сузана Мицева

Британскиот сој е поопасен

Сузана Мицева

Германија повторно има над 4.000 заболени дневно, се проширува листата на ризични региони

Сузана Мицева