Свет

Британскиот сој е поопасен

Доколку сте инфицирани со британскиот сој на ковид-19, над 60% се поглеми шансите да бидете сместени во болница. Данско истражување вели дека британскиот сој ги зголемува шансите за хоспитализација. Ова говори дека британскиот сој е поопасен.

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација. Недоамнешната студија на данскиот Институт „Серум“ го покажа ова.

Од 2.155 лица заразени со варијантата Б117, 128 се хоспитализирани. Тоа е 64 проценти повеќе од заразените со другите варијанти, се вели во студијата.

Резултатот од данската студија е сличен на истражувањето спроведено на почетокот на овој месец во Велика Британија, додава Институтот во соопштението.

Варијантата Б117 стана доминантна во Данска минатата недела и претставува речиси две третини од сите нови инфекции во земјата, а на почетокот од годината оваа мутација на вирусот претставуваше само 5 проценти од сите случаи.

Каков е британскиот сој?

Според британската Служба за национална статистика, симптомите малку се разликуваат од досега познатите. Почесто се појавуваат симптоми како кашлица, болки во грло, замор и болки во крајници. Загубата на сетилото за мирис и вкус- сметана за карактеристична за нормалната варијанта- е поретка.
Истражување, спроведено меѓу 6.000 случајно избрани Британци со позитивен тест на коронавирус, заклучува дека новата мутација до истиот степен ги предизвикала истите симптоми. Kако главоболка, отежнато дишење, вознемиреност и повраќање.

Мутациите на вирусот се должат на промени кои се случуваат во неговиот генетски код. Некои од тие промени го прават вирусот поопасен, забрзувајќи ја неговата трансмисија од носител до носител. Новиот сој, откриен во Велика Британија, кој се води со ознаката В.117 се пренесува со 30 до 70% побрзо.
Во однос на смртноста, иако се уште нема детални студии, проценките на експертите се дека и во тој сегмент оваа мутација може да биде поопасна.

Препорачуваме:

Ердоган слави победа во Турција

Сузана Мицева

Русија ѝ се закани на Хрватска

Сузана Мицева

Украинците не го предаваат Мариупол

Сузана Мицева