Регион

Сѐ повеќе ковид-случаи во Гевгелија

Сѐ повеќе ковид-случаи во Гевгелија. Последнава седмица расте бројот на новозаболени со Ковид-19 во овој град. Ситуацијата ја вознемири и локалната власт. Денеска градоначалникот Сашо Поцков рече дека причина е непочитувањето на мерките.

– Факт е дека во последните денови се зголемува бројот на новозаболени од КОВИД-19 и се влошува епидемиолошката состојба. Каква ќе биде понатамошната состојба, зависи од нас самите. Бидејќи ние сме тие што се одговорни за сопственото и јавното здравје. Евидентно е дека одредени протоколи не се почитуваат. Особено од страна на младите, без разлика што популацијата на заболени може да опфати и цели кластери. Ова го изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков по податоците за влошената епидемиолошка состојба.

            – Сакам да апелирам до граѓаните, посебно до младите сограѓани. Да ги почитуваме протоколите и мерките. По една година искуство со пандемијата и кризата, со помош на вакцината сакаме да ставиме крај на ова зло. Животот што побргу да го вратиме во нормала. Но, повторно се враќаме на бројките кога имавме пикови во изминатиот период. Уште еднаш апелирам до помладата популација за доследно почитување на мерките. Да нема групирање за време на викенд. Како и во кафулиња, излетнички места и сл. Знаеме дека младите се позитивни, полни со енергија. Меѓутоа, сето тоа за време на пандемијата носи одговорност.

Влијае врз отвореноста на границите и последиците во локалниот економски развој. Од епидемиолошката слика, поточно, oд тоа колку малку имаме новозаболени, толку побргу ќе се вратиме во нормала. А, тоа значи и враќање на економски развој на Гевгелија во кондиција, истакна Поцков. Тој нагласи дека во зависност од натамошната слика во општината, ќе зависат и наредните мерки. Односно дали ќе биде свикан Општински штаб за заштита и спасување.

Ширењето на вирусот во Гевгелија

Сѐ повеќе ковид-случаи во Гевгелија се должи и на ширењето на британскиот сој на коронавирусот. Лекарите сметаат дека овој сој е присутен и во Гевгелија. Министерот за здравство, Флипче, прогнозираше дека токму овој сој ќе биде доминантен следниот период.

Препорачуваме:

Промоција на новиот двоброј (10-11) на Зенит и книжевен разговор со Дуња Илиќ

Ѓ. K.

Загина уште еден тракторист, тргнале на црква завршиле во дол кај Воиславци-радовишко

202 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починати се 2 лица

Стојне Митева