Свет

Германија повторно има над 4.000 заболени дневно, се проширува листата на ризични региони

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 4.058. Сега има 310.144 пациенти. Во исто време, проширен е и списокот на региони со ризик.

Уште 16 лица починаа од коронавирус, а од почетокот на пандемијата вкупниот број на смртни случаи е 9.578, пренесува „Ројтерс“. Во Германија се во сила строгите правила за задолжително носење маски и одржување растојание.

Земјата повторно го ажурираше списокот на ризични региони и земји, на кој ја стави целата територија на Грузија, Романија, Тунис и Јордан, како и делови од Словенија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Словачка, Унгарија и Холандија.

Во исто време, францускиот остров Корзика е избришан од списокот, објави Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Шест од 12-те региони во Словенија се на црвената листа на Германија, според СТА.

Патниците од регионот и земјите од оваа листа се должни да одат во 14-дневен карантин по пристигнувањето во Германија.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

СЗО: Нема докази дека новиот вид вирус е поопасен

Сузана Мицева

ЕВРОПАВелика Британија планира намерно да ги зарази кандидатите за вакцина

Сузана Мицева

Задолжителен седумдневен карантин во Грција