Свет

СЗО: Нема докази дека новиот вид вирус е поопасен

Светската здравствена организација сè уште нема докази дека новиот вид Ковид-19 ќе доведе до зголемена смртност, изјавил еден од директорите на оваа организација, Силви Бријан, за француската телевизија БФМ.

„Вирусите се менуваат и ова што сега се случило не е некое изненадување. Со цел да одредиме дали мутацијата ќе има влијание врз човековото здравје, ќе мораме да направиме дополнителни истражувања во лабораторија. Во овој момент не гледаме промена во процентот на смртност“, рекла Бријан.

Таа додала дека се потребни истражувања и на темата дали новиот вид вирус ќе влијае на ефикасноста на вакцината против Ковид-19.

„Засега изгледа дека новиот вид Ковид-19 тешко ќе влијае врз ефикасноста на вакцината. Верувам дека мерките што ги презеде Велика Британија ќе влијаат на тоа да се спречи ширењето на новиот вид вирус сè до масовната вакцинација на граѓаните“, порача Бријан.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Црна Гора: Нема затворање на границите подготвени сме за сезоната

Сузана Мицева

САД сместува бомбардери во дометот на Кинеското море