Регион

Пo 3.500 денари месечна стипендија за 2.000 ученици кои од есенва ќе посетуваат дуално образование

Пo 3.500 денари месечна стипендија за 2.000 ученици кои од есенва ќе посетуваат дуално образование

Од есенва, сите ученици кои посетуваат паралелки со дуално образование ќе добиваат по 3.500 денари месечен надомест, додека најдобрите 200 ученици од машинска и електротехничка струка по 2.000 денари месечно. Ова го кажа министерката Мила Царовска, при денешната посета на две средни стручни училишта од Велес, каде има или од есен ќе има паралелки со дуално образование со практична настава.

„Да понудиме образование кое ќе ги носи учениците до вработување, полесно да се запишат на техничките факултети и кај овие ученици се развива претприемачкиот дух. Овие ученици со добиеното знаење можат да основат компании и да станат работодавачи, не само вработени. Учениците оваа стипендија ќе ја добиваат девет месеци“, рече Царовска.

Препорачуваме:

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)

Ѓ. K.

Намалени казни за царинските прекршоци

Стојне Митева

Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец од вчерашниот обид за насилен влез на мигрантите