• Sun. May 19th, 2024

„Фич“: Македонската економија е стабилна и со ниска инфлација

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото.

Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори што би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажа отпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во текот на значајни економски шокови, вклучително и во текот на пандемијата на коронавирусот.

Со намалувањето на основната каматна стапка Народната банка обезбеди ликвидност, која овозможи поголема кредитна поддршка за економијата. Се очекува монетарната политика да остане олабавена и во текот на следната година.

Ова се дел од оценките и заклучоците во најновиот извештај на рејтинг-агенцијата „Фич“ за нашата земја, во кој е направена кредитна анализа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *