Спорт

Почнува 29-от македонски одбојкарски шампионат

Единаесет во машка и осум во женска конкуренција denes е го почнuvaat натпреварувањето во 29-от македонски одбојкарски шампионат. Струмица 47 & 72 и Јанта волеј Кисела вода ќе го бранат тронот, а неколку нивни конкуренти, главно истите од лани, ќе ја задржат амбицијата да ја освојат титулата.

Во премиерната рунда кај мажите, актуелниот вицепрвак Универзитет во Тетово ќе го пречека составот на Штип УГД, а саботната двојна програма во градот под Шара ќе почне со пресметката на Шкендија и на Дибраволеј. Тетовските тимови се фаворити не само поради ланскиот пласман, туку испоред плановите со коишто ќе влезат во сезоната 2021/22. Вардар, кој лани беше полуфиналист, но без никакви шанси за нешто повеќе, новиот прволигашки пат ќего почне против Лирија на свој терен, дебитантот во Првата лига, Македонија Џио ќе гостува кај Јанта волеј, а најрамноправен се очекува да биде дуелот на ГОК БОрец и на Весна Пробиштип в понеделник од 20 часот, со пренос на МРТ-3. На отворањето на сезоната ќе нема активност за актуелниот првак Струмица, којшто отсегаќе го носи името Струмица 47 & 72. Во есенскиот дел кај одбојкарите екипите ќе играат меѓу себе по еднаш, а првите шест ќе продолжат во Втората фаза-1 во којашто ќе има двокружен ситем заодредување на полуфиналистите.

Кај дамите, дербито е меѓу ланските полуфиналисти Струмица жени и Работнички Скопје, две екипи со квалитет да конкурираат за врвот и сезонава, а победа во првиот натпревар ќе значи поголема самодоверба пред воведниот дел во којшто ќе се игра според „принципот секој со секого, дома и на гости“, значи ќе има вкупно 14 кола. Актуелните шампионки од Јанта волеј Кисела вода ќе се соочат со Фит фан волеј, финалистот Вардар жени ќе сервира против Пелистер волеј пред своја публика, а Универзитет во Тетово ќе ги одмери силите со Наковски волеј. Според правилата за натпреварување, првиот дел ќе гоминат најдобрите четири, што значи дека битката за полуфинале ќе биде решена уште по есенските 14 кола. Во Втората фаза-1 и во Втората фаза-2 ќе има по шест средби.  

Во понискиот квалитативен ранг кај дамите ќе има девет екипи, но тие нема да играат овој викенд, туку натпреварувачката2021/22 ќе ја почнат во некој друг термин.

Препорачуваме:

Академија Пандев реагира: Судијата Стојчевски во Кратово ем судеше тенденциозно ем пцуеше !

25-годишниот Илјаз Чилјафи е новото засилување на Брера Струмица

Ѓ. K.

Тиверија е свето име – за други се навива но Тиверија се сака , кажаа ,,тиверијанци” кој одбележаа 95 години постоење на клубот