Спорт

Тиверија е свето име – за други се навива но Тиверија се сака , кажаа ,,тиверијанци” кој одбележаа 95 години постоење на клубот

Во присуство на голем број поранешни фудбалери и фудбалски работници, ФК Тиверија од Струмица одбележа 95 години постоење. На скромниот коктел во Домот на АРМ, присутните се потсетуваа на историјата на клубот , неговите успеси, проблеми и случки од фудбалските терени и натпревари. Речиси сите беа едногласни дека Тиверија е свето фудбалско име и сите овој клуб го носат во срце иако во своите кариери настапувале и за Беласица и други клубови од земјата

,, Играв и за Беласица, но во срцето секогаш ја носев Тиверија. Тиверија секогаш беше посиромашен клуб, тим на пролетарите, работничката класа. Затоа за нас, што сме поминале во клубот, Тиверија ни е свето фудбалско име. Беласица ги земаше секогаш најдобрите фудбалери а ги имаше многу ,, вели Ѓорѓи Кучуков кој вели за други се навива ама Тиверија се сака

Со ова констатација се сложуваа сите поранешни фудбалери кои тврдат дека овој клуб го носат во срце и жалат што сега игра во третата фудбалска лига на Македонија. Сегашниот тренер Мите Петров вели дека Тиверија има потенцијал за поголеми успеси но се потребни средства и формирање на младински фудбалски школи. Но како и во изминатите години така и сега Тиверија е со скромни финансиски средства, но сегашното раководство не се откажува од пласман во Втора лига.

 

Препорачуваме:

Џио Струмица ја освои КУП титулата а Наковски Волеј среброто во Купот

Ване Трајков

Маџиров во Германија организира хуманитарни тениски турнири и донира во струмичко

Ване Трајков

Пандевци поразени дома, Беласица ремизираше кај Работнички

Ване Трајков