Спорт

Маџиров во Германија организира хуманитарни тениски турнири и донира во струмичко

30 годишниот Даниел Маџиров чии корени се од Струмица а живее во Сиген Германија  веќе неколку години организира хуманитарни тениски турнири и донира за семејства и институции во струмичко.  Своевремено се занимавал со тенис но заради повреда, рано се откажал од тениските терени а сега е  тренер на кадетите и јуниорите  во ТК ,, Tus Neuеnrade,,  во истоименото место 30 тина километри од  Дортмунд

Досега има организирано  неколку  тениски турнири и една хуманитарна акција во кои со донираните средства се набавува опрема за лица на кои им е потребна помош. Тој неодамна беше во Струмица и донираше во Заводот за заштита и рахабилитација Бања Банско при што се сретна и со првиот човек на општината Коста Јаневски

„Своевремено член во нашето семејство имаше несреќа и  сфативме дека секоја пружена рака е добредојдена во тешки моменти. Тоа го пребродивме и сакаме да помагаме меѓу нашинците во струмичко со оглед дека татко ми потекнува од Струмица а мајка ми од Габрово. Последниот турнир го организиравме лани  при што собравме неколку илјади евра и одлучивме да купиме инвалидски колички, ролатори , столови и душеци кои  ги дониравме во рахабилитациониот центар во Банско ,, ни изјави  Даниел Маџиров кој до својата 17 година активно се занимавал со тенис

Тој исто така донираше и маици со логото на тенискиот клуб ,,ТуС Неуенраде,, а му подари и на првиот човек на Струмица Коста Јаневски со оглед дека мотото на турнирот беше ,,Срце за Струмица,, Од претходните организирани турнири каде посетителите оставаа прилози за хуманитарните акции, Маџиров има донирано во училиштето во Габрово за набавка на опрема и помош н а учениците.  Даниел вели дека  и во иднина планира да организира тениски турнири со хуманитарен карактер

,,Идната година клубот слави 40 годишен јубилеј и имаме во план да организираме голем турнир повторно под мотото ,,Срце за Струмица,, . Ова лето планираме  да организираме камп и тренинг за млади тенисери кој ќе има хуман аспект и собраните средства ќе ги искористиме за набавка на медицински електричен скутер за девојче од Струмица која има потреба и голема желба самостојно и поефикасно да се движи,, изјави Маџиров за ВИС СПОРТ

 

Препорачуваме:

ИНТЕР ЌЕ ГОСТУВА НА ОТВАРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ НА ПАНДЕВ ВО СТРУМИЦА

Ване Трајков

Струмичанецот Ване Тасевски од Сасуоло – одличен во дресот на македонската репрезентација

Ване Трајков

Радовишани уште од сега ја темпираат формата за излез во ракометна Европа !!!

Ване Трајков