Регион

Од мај, граѓаните ќе плаќаат плус 12 денари по потрошен кубик вода за Пречистителната станица

Во мајската сметка од Комуналец ќе биде засметана и новата тарифа за прочистување отпадни води во висина од 12 денари по потрошен кубен метар вода. Или ако едно четиричлено семејство троши околу 20 кубици вода, ќе треба да плати 240 денари за прочистување. Ако троши од 10-15 кубици, тогаш сумата ќе се движи од 120-150 денари.

Од ЈПКД Комуналец, велат дека не станува збор за покачување на цената на водата, туку воведување нова тарифа, која се воведува за одржливост на Пречистителната станица.

Ѓоргиев додава дека нема друг начин со кој може да се обезбеди рентабилно работење на станицата во која на секој саат се прочистуваат по 400 метри кубни отпадни води од Струмица.

Пречистителната станица во Струмица официјално беше пуштена во употреба во декември минатата година. Проектот  е финансиран со средства од ЕУ преку Оперативната програма за регионален развој и чини 6,5 милиони евра.

 

Препорачуваме:

Валандовската полиција уапсила струмичанец, му пронашле марихуана

Ѓ. K.

„Операта на шумските животни“ – детска интерактивна музичка претстава во Гевгелија

Ѓ. K.

Општина Гевгелија беше домаќин на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство!“

Ѓ. K.