• Tue. May 21st, 2024

Општина Гевгелија беше домаќин на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство!“

ByЃ. K.

Dec 26, 2023

Општина Гевгелија беше домаќин на Кампањата на „Макпетрол“: „Крени глас против врсничкото насилство!“. Имено, пред учениците од 6., 7., 8. и 9 одделение од ООУ „Владо Кантарџиев“ и ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија и стручните соработници од двете училишта, ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци и ООУ „Климент Охридски“- Миравци беа спроведени првите работилници за врсничко насилство. Преку бура на идеи и двонасочна комуникација, учениците, со помош на предавачките Деспина Стојановска, психолог и психотерапевт и Јана Момировска, дефектолог, се запознаа со видовите врсничко насилство, а низ практични примери беа воведени во намалување на ваквата негативна појава, односно со негување на доблестите на човекот со коишто светот може да биде поубаво место за живеење- другарството и соработката.

Исто така, училиштата добија информативни материјали коишто ќе им бидат поделени на учениците, како и на родителите во врска со темата. Како и материјали за уште 3 работилници коишто стручните соработници ќе ги реализираат во гевгелиските училишта со учениците од 6., 7., 8. и 9. одделение.

Како општествено одговорна компанија, покрај во Гевгелија со потпишувањето Меморандум за соработка за спроведување на кампањата, „Макпетрол“ ја спроведува оваа кампања на подрачјата на неколку општини коишто изразија желба за соработка со цел борба против и соочување со врсничкото насилство, негово препознавање и соодветно третирање.

By Ѓ. K.