• Tue. May 14th, 2024

Општина Василево обезбеди средства за тампонирање на полскиот пат од Ангелци кон Струмица

ByЃ. K.

Dec 26, 2023

Општина Василево обезбеди средства за тампонирање на полскиот пат од Ангелци кон Струмица во месноста Орман во должина од околу 1100 метри. Патот е широк 3 метри, ќе биде посипан со околу 660 м3 чакал.

„Решаваме горлив проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Ангелци. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока, продолжуваме понатаму“, објави градоначалникот Славе Андонов.

Тој најави дека ќе биде обезбедена и поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината и во други населени места.

By Ѓ. K.