Свет

Скандал во Англија: 43.000 луѓе наводно добиле неточни резултати од ковид-тестови

Во лабораторија во Англија прекинати се тестирањата на Ковид-19 по појавувањето сомнежи дека речиси 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати од тестот.

Поведена е истрага по појавувањето информации за луѓе што добиле негативни резултати на ПЦР-тестот во лабораторија во Вулверхемптон откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведува тестирањето.

Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 теста и дека речиси 43.000 луѓе добиле неточни резултати од 8 септември до 12 октомври.

„Во рамките на нашата истрага соработуваме со компанијата NHS Test and Trace за да ги идентификуваме лабораториските технички проблеми што довеле до тоа луѓето да добијат неточни ПЦР-резултати“, рече Вил Велфер од британската Агенција за здравствена безбедност.

Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешни резултати велат дека целосно соработуваат со Агенцијата.

Препорачуваме:

Лукашенко прв на листата Најкорумпирани политичари 2021

Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Третина од населението на Западен Балкан е иселено

Сузана Мицева