Регион

Почна запишувањето на децата во прво одделение

Од вчера почна запишувањето на децата во прво одделение во општинските основни училишта во Струмица и тоа ќе се реализира во месец мај

Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската 2023 година ќе наполни шест години. Родителот може да го запише детето во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари 2024 година, но по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот, е должен да достави потврди за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.

Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште. Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница, може да се запишат во основно училиште согласно член 14 од Законот за основното образование.

И во новата учебна година, а согласно Одлуката на Советот на општина Струмица од 30.12.2022 година, продолжува доделувањето на еднократна парична помош на семејства со првачиња запишани за прв пат во општинските основни училишта во висина од 2 илјади денари

.

Препорачуваме:

ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала го одбележа патрониот празник

Ване Трајков

Завршен проектот за експресен пат Струмица-Валандово

Сузана Мицева

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица

Ѓ. K.