Регион

Изработена е карта на опасност од поплави за Радовиш

Во рамки на проектните активности на ECO-DRR Македонија (екосистемско базирано намалување на ризици од катастрофи), финансиран од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) се одржа 3-та работилница на која беа претставени три различни верзии од Картата за опасност од поплави од Радовишка река за град Радовиш.

Изработена е од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од 100-годишни води, собирање на податоци од теренско истражување, идентификување на опасни подрачја и потврда на локалната состојба. Картите за опаност се визуелна претстава и пренесување на знаење кое се применува секојдневно во Јапонија. Работилницата се одржа во две сесии: утринската за претставниците на локалните и државни институции на подрачјето на опшитна Радовиш, додека попладневната сесија за претставниците на урбаните заедници, невладините организации, група на граѓани од ранливи категории и сл. Мапата за опасност содржи примери за хоризонтална и вертикална евакуација во случај на поплави предизвикани од поројни врнежи на дожд, критични точки, фотографии од претходни поплави како и локации за евакуација во секоја урбана заедница.

Во планираниот обем на работи предвидена е табла од информативен карактер за жителите и посетителите на Радовиш. Со цел поширока распространетост на оваа карта на опасност, за граѓаните да ја имаат при рака заедно со информациите за евакуација, исто така се предвидени џебни брошури со дисиминација преку образовните институции. За претставниците на локалните и државни институции на подрачјето на општина Радовиш изработен е прирачник за изработка на карти за опасност.

Дополнително на работилницата беше презентиран и видео материјал (линк) од изведените заштитни работи од полави во горниот тек на Радовишка река, со примена на градежни активности од помал обем, пошумување на садници и користење еко-мерки за зголемување на заштитната функција на шумите.

Препорачуваме:

На граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека 20 минути

Ѓ. K.

Денес протест на родителите кои се против дигитализација на учебниците

Струмица слави 71 година од ослободувањето од фашистичкиот окупатор

Dimitar Micev