• Thu. May 16th, 2024

На граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека 20 минути

ByЃ. K.

Jul 3, 2023

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот во државата се одвива континуирано и по суви коловози.

Од таму потенцираат дека е зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини.

„На граничниот премин Богородица за излез од Македонија се потребни околу 15-20 минути, додека на другите гранични премини нема долго чекање за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.

Од таму ги повикуваат возачите да внимаваат на брзина на возилата, особено по котлините во земјава каде може да има одрони.

By Ѓ. K.