• Sat. May 11th, 2024

Денеска сончево, утре дожд, грмежи и ветер

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36°C. УВ=8

В среда на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.

By Ѓ. K.