Регион

Полицијата и струмичките угостители на работна средба

Струмичката полиција и угостителите пред екот на летната сезона на заедничка маса проговорија за законските правила кои треба да ги почитуваат за да не бидат казнети. Угостителите велат дека генерално се за стриктно почитување на правилата, од гласноста на музиката, времето до кога се пушта, па до забраната за точење алкохол на малолетни лица.

Ова е проактивен однос на полицијата кон овој сектор велат од СВР Струмица. Сакаат на овој начин и директно да ги запознаат со законските одредби, за да се намалат прекршувањата.

СВР Струмица вчера испрати соопштение дека во летниот период ќе врши засиелни контроли во угостиелските објекти за присусво на малолетници по 24 часот, точење алкохол на малолетници, како и евентуални пријави за гласна музика.

За непочитување на зкаонските одредби за гласноста на музиката,  угостителите може да се соочат со пријави и глоба која се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на правното лице. Доколку, пак, станува збор за трговец-поединец, глобата  изнесува од 500 до 800 евра.

Секторот за внатрешни работи – Струмица,  апелира, угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по 24,00 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. За послужување алкохол на малолетници, угостителите можат да бидат и кривично гонети.

Препорачуваме:

Општина Радовиш ја објави музичката програма за манифестацијата „Самун ем татлија 2023“

Ѓ. K.

Млад градски театар Струмица, ќе биде домаќин на Велики театар -Јагодине, Србија

Dimitar Micev

Спас за Валандово ја блокираше клучката кон Пирава и Марвинци – сакаат референдум