• Wed. May 15th, 2024

Првиот електричен автомобил на Volvo ќе биде моделот XC40

Ова го изјави шефот за дизајн Томас Ингенлат, кој е заслужен за изгледот на новата генерација на автомобили на шведската марка.

Ингенлат во разговор за „Autocar“, при претставувањето на новиот модел S60, потврди дека XC40 на струја ќе пристигне откако Polestar, бренд кој се оддели од Volvo, ќе го лансира својот втор електричен автомобил во 2019 година, кој ќе ја носи ознаката „2“.

Polestar 1 имаше своја премиера во октомври 2017 година, како прв модел со самостојна марка, која порано беше позната по модификациите кои ги правеше на автомобилите на Volvo.

Во прашање е спортско купе со хибриден погон, коe располага со 600 коњски сили.

После електричниот XC40, ќе следува и XC90 на струја, меѓутоа дури во 2021 година, кога ќе биде претставена новата, трета генерација на овој голем SUV.

Ингенлат рече дека Volvo ќе го стави својот фокус на електрични верзии на веќе постоечките модели, наместо да развива некаков посебен модел кој би имал погон на струја.

Тој предвидува дека Polestar ќе биде тој кој ќе развива модели само со електричен погон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *