Регион

Полициски час вечерва од полноќ до 4 часот наутро

Полициски час вечерва од полноќ до 4 часот наутро.

Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај.   Работното време на угостителските објекти е продолжено до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти.

Од вчера со работа започнаа и вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа. Се дозволува и организирање на инвент настани, но за нив, ќе важат истите протоколи од претходно, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.

Спортските настани и понатаму ќе се организираат без физичко присуство на публика. Како дел од олабавувањето на мерките е и укинувањето на забраната за користење на годишни одмори за здравствените работници и зголемувањето на бројот на деца во градинките. Согласно одлуката на Владата, дозволено е бројот на деца во воспитните групи до две години да се зголеми на 15, а кај воспитните групи од 2 до 6 години на 20 деца.

Предлогот за олабавување на мерките во понеделникот го донесе Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Препорачуваме:

Евроамбасадорот Гир во посета на Ново Село

Ване Трајков

Дополнителни 6 милиони евра, покрај вчера најавените 5,7 милиони од денеска им се достапни на фирмите за полесно да ја надминат корона кризата.

Стојне Митева

Општина Василево обезбеди парична помош од 2.500 денари за секое прваче

Ѓ. K.