• Fri. May 17th, 2024

Новото законско решение предвидува продажба до 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште по ниски цени

Новото законско решение предвидува продажба до 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште по ниски цени.

Но, во законот стои можност земјиштето да се пренамени во градежно и да се даде под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.

Со новиот нацрт закон ќе се продава државно земјоделско земјиште за цена од 0,20 евра до 1 евро по метар квадратен или од 12 до 61 денар. Ќе може да се продадат до 50 илјади хектари слободно земјоделско земјиште. Освен утврдената цена, она што е различно од законското решение донесено во 2013 година е што после 10 години земјоделското земјиште освен за градежни активности ќе може да се даде и под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.

Согласно законот, за 1 евро ќе се продава земјоделско земјиште за I и II класа, 0,50 евра за земјоделско земјиште III и IV катастарска класа и 0,20 евра за земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа.

Право на земјиштето, согласно законот, ќе имаат македонски државјани и правни лица кои се резиденти на државата и во кои сопственоста на акциите или уделите во процент од најмалку 51 отсто треба да биде во сопственост на македонски државјани или правни лица резиденти на државата кои не се подружници на странски правни лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *