• Fri. May 17th, 2024

Вакцинирани вкупно 175.348 граѓани

Вакцинирани вкупно 175.348 граѓани.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513 граѓани. Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, соопшти Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *