Регион

Општина Василево обезбеди парична помош од 2.500 денари за секое прваче

Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, информираше дека оваа година за првпат првачињата ќе добијат парична помош од Општината.

„Се грижиме за младите семејства и преземаме мерки кои ги стимулираат најмладите, мотивирани и подготвени да влезат во новата учебна година.

Во екот на енормните поскапувања кои пак посебно се изразени кај училишниот материјал и за кои секој родител треба да одвои огромна сума на пари, како локална самоуправа одлучивме за првпат годинава да му олесниме на нашиот народ и овој за нив најсреќен ден, да остане запаметен како таков.

Првиот училишен ден за секое прваче значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца.

Тој мора така да се запамети но не по финасиски грижи .

Рокот за пријавување трае до 20 септември.

Со домаќинско и одговорно работење се реализираат многу проекти за прв пат во нашата општина

Влогот во најмладите е влог во иднината на Република Македонија!“, стои во соопштението од Андонов.

Препорачуваме:

Денеска „Ѓура Мара“ во Миравци

Сузана Мицева

Како најмалите го честитаат Осми март во ОУ „Сандо Масев“ Струмица

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Барањата за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост ќе може да се поднесуваат до крајот на 2021 година