Регион

Пожар избувна во зграда во Гевгелија, нема повредени

Кат од зграда изгоре денеска во Гевгелија. Причинета е материјална штета, повредени нема.

Пожарот избувнал денеска околу 11 часот во станбената зграда на улица „Ристо Чавдаров“.

Според првичните сознанија, станарите од зградата веднаш и навремено биле евакуирани, но ветерот кој денеска дува во Гевгелија придонесе пожарот брзо да се прошири на целиот кат.

Интервенцијата на ТППЕ од Гевгелија со сиот расположлив капацитет успеа да го локализира огнот да не ги зафати и подолните катови меѓутоа материјалната штета од пожарот очигледно е голема.

Причините за настанувањето на пожарот се уште се истражуваат и засега не се познати.

Препорачуваме:

Кризна состојба на јужната и на северната граница на еден месец

Стојне Митева

Еколошка акција во ООУ „Даме Груев“ во Куклиш

Дојранчанката Добрила Чабриќ наполни 96 години, нејзината младешка енергија докажува дека годините се само бројка

Ѓ. K.