• Sat. May 11th, 2024

Еколошка акција во ООУ „Даме Груев“ во Куклиш

Одбележувања за 22  април Светскиот ден на планетата Земја. Ученицит еи наставниците од ООУ „Даме Груев“ во Куклиш утрово со еколошка акција се вклучија во одбележувањата на денот на Планетата.  Активностите им беа вкјлучени кон оплеменување на училишниот двор и просторот околу училиштето, вели директрката Пеливанова.

-Покрај редовната настава, учениците од нашето училиште реализираат и воннаставни активности, тука спаѓа и интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем и одбележување светски денови во склоп на наставата. Еден од тие денови е и Светскиот ден на планетата Земја. Нашите ученици заедно со своите одделенски раководители, денеска, спроведоа еколошка акција за подигнување на свеста кај населението и кај самите ученици. Еден дел од учениците го уредуваа дворот и ја бојадисуваа училишната ограда, а дел го чистеа и уредуваа летниковецот кој што се наоѓа во близина на нашето училиште. Со овие активности, ние не завршуваме денеска, туку, такви активности ќе се реализираат во текот на целата учебна година, рече Валентина Пеливанова, директор на училиштето.

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Како што се посочува во пораката од свеската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *