• Sun. May 12th, 2024

Нови 8500 стандардизирани канти за комунален отпад во Струмица

ByВане Трајков

Jul 31, 2019

Од денес екипите на ЈКПД „Комуналец“ започнаа со распределба на канти за комунален отпад со зелена боја и тоа за жителите на населените места Баница, Водоча и Вељуса. Со доделувањето на кантите за смет се очекува дека ќе исчезнат дивите депонии посебно во овој дел од општината. 

„Кантите се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства.Важно е да напоменеме дека кантите ќе се делат бесплатно и истите ќе бидат на товар на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, до граѓаните апелираме на домаќинско користење на кантите за отпад. Исто да напоменам дека секоја друга канта за отпад освен овие кои ќе бидат поделени нема да се подигаат. Aцијата ќе продолжи во текот на цел месец август, каде ќе бидат поделени 8500 канти од 120 литра и ќе бидат офатени сите населени места, како и градот Струмица.“ изјави Бранко Горѓиев раководите на одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *