Регион

Повторно се вршата истражувања на локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“

По пауза од речиси четири децении повторно се вршат археолошки истражувања на лок. Св.40 Севастиски маченици во с.Банско. Предводени од стручни лица од НУ Завод и Музеј Струмица, археолозите д-р Душко Цветанов виш кустос и Ване Секулов советник кустос. Станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век. Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна што упатува на заклучокот дека била епископско седиште. Во 2021 година на црквата беа извршени конзерваторски- реставраторски работи со што овој значаен споменик на културата за средновековната духовна култура на Струмица и струмичко во континуитет го добива својот заслужен третман. Проектот е од годишната програма на институцијата и истиот е подржан од Министерството за Култура.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Само 22 проценти земјоделски стопанства регистрирани на жени

Образовните установи да ги искористат можностите за неформална едукација додека трае кризниот период, апелираат од МОН

Стојне Митева

Изложбата „На работ на зборовите“ отворена во Градската галерија – Струмица

Ѓ. K.