Регион

Повик за учество на работилница „Застапување засновано на податоци“ во Струмица

Реактор – истражување во акција Ве поканува на практична работилница на тема „Застапување засновано на податоци“ со времетраење од 2 ипол часа која ќе се одржи во Струмица на 18.09.2018 (вторник) во Дом на АРМ, 11.00 – 13.30 часот.

Целта на оваа работилница е преку практична вежба учесниците да се запознаат со концептот и алатките за застапување, како важна компонента за вклучување во процесите на донесување политики. Воедно, ќе разговараме и за придобивките од употребата на современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процесот на застапување.

Дополнително, на работилницата ќе биде промовиран и новиот ресурсен веб-сајт за млади изработен од Реактор. Работилницата е наменета за претставници од младински организации и заинтересирани млади кои сакаат да се посветат на активности со кои ќе влијаат во процесот на креирање на политиките наменети за младите.

Доколку сте заинтересирани за учество, Ве молиме да го пријавите Вашето со пополнување на следниот формулар: Струмица (https://goo.gl/forms/jq9m25p7xL09bb0U2), најдоцна до 14 септември, 2018 година.

 

Сите регистрирани учесници дополнително ќе ја добијат агендата за работилницата. За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на имејл: blazen@reactor.org.mk или телефонски 02 3245 536.

*Оваа работилница е дел од проектот „Младинско застапување за одржлива иднина“ поддржан преку акциски грант од страна на програмата Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, кој го спроведуваат Нирас од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).

Препорачуваме:

Чистење на речното корито на Радовишка река

Заврши традиционалниот „STREETBALL 3×3 – РАДОВИШ 2023”

Ѓ. K.

Во Струмица облачно и врнежливо со температури до 17 степени

Сузана Мицева