• Fri. May 17th, 2024

Во Струмица облачно и врнежливо со температури до 17 степени

Во Струмица облачно и врнежливо со температури до 17 степени. Вакво ќе биде времето во текот на денешниот ден јавуваат од УХМР. Ууште од изутрина е со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови.

Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Од денеска до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, во недела на повисоките планини на запад од снег.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *