Регион

Повик за пријавување на кандидати за учество на едукативни обуки за млади

Knowledge Center за потребите на Општина Струмица во партнерска соработка со Фондацијата Отворено Општество – Македонија, како дел од локалната Стратегијата за млади 2015-2020 на општина Струмица, со Акциски план за млади 2015-2017 година, во рамките на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади” објавува јавен повик за пријавување на кандидати за учество на едукативно обуки за млади за реализација на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади”.

Доколку си невработена личност на возраст помеѓу 18-35 години и живееш на територијата на Општина Струмица, ВРЕМЕ Е ЗА ТВОЈАТА ИДЕЈА. Прати ја твојата иновативна идеја заедно со потребните документи, учествувај на обуките и биди еден од најуспешните 8 кои ќе бидат наградени со по 3000 Евра за започнување на својот бизнис.

За да се пријавиш, пополни ја aпликационата форма и дополнително достави ги следните документи:

диплома или друг доказ за стекнат степен на образование,
дополнителни сертификати, доколку има,
на следниот линк http://i-lab.mk/index.php/mk/proekti/227-startup-strumica

Повеќе информации на И-лаб.мк, е-пошта: info@theknowledge-center.com или на тел 078 30 15 40.

Рокот за пријавување трае до 14 септември 2016 год, 17:00 часот.

При селекцијата на кандидатите ќе се внимава на родовата еднаквост и етничката застапеност.

Препорачуваме:

Во гевгелиските детски градинки згрижувањето на децата се одвива без никакви проблеми

Стојне Митева

НОВИОТ ПРЕДЛОГ НА ВЛАСТА Е ДА ВОВЕДЕ АКЦИЗА АМА ДО ДВЕ И ПОЛ ИЛЈАДИ ЛИТРИ РАКИЈА ДА НЕМА ДАВАЧКИ

Стојне Митева

СВР Струмица: Физички напади во Василево, Ново Село и Ораовица