Регион

НОВИОТ ПРЕДЛОГ НА ВЛАСТА Е ДА ВОВЕДЕ АКЦИЗА АМА ДО ДВЕ И ПОЛ ИЛЈАДИ ЛИТРИ РАКИЈА ДА НЕМА ДАВАЧКИ

Период за прилагодување, па потоа акциза за домашно произведена ракија. Ова е ставот кој го застапува пратеникот Панчо Минов во врска со Предлог законот за акцизи кој е во собраниска процедура. Исто како него размислуваа и производители на домашна ракија од Тиквешко, кои се сретнаа со него во врска со оваа проблематика.

Минов рече дека неговиот амандман бил целосно прифатен од матичната Kомисија за економски прашања.

Но, во Законодавно-правната комисија тоа не помина. Следува натамошна постапка, па затоа и организирав средба со лозари кои произведуваат и ракија. Да направиме дополнителни консултации. Моето убедување е дека треба да се остане на предлогот да има период на прилагодување, на подготовка за воведување на новата давачка која се предлага да биде на дозволено две ипол илјади литри по земјоделско стопанство, што и не е мала количина. За малите винарии, кои се регистрирани, е две илјади литри, но чист алкохол. Тоа значи околу четири илјади литри жесток пијалок, или по тиквешки, ракија. Целта е во овој подготвителен период, секој лозар кој сака да биде производител на ваква количина, да се определи дали е спремен да биде регистриран и акцизен обврзник, рече пратеникот.

Има, нагласи, многу субјекти кои застапуваат воведување на оваа давачка.

Препорачуваме:

Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Стојне Митева

Видео – Гевгелија почнува со пробно селектирање на сув отпад

Ване Трајков

Здружението „НОВУС“ ќе имплементира проект за афирмирање на алтернативните казнени мерки

Dimitar Micev