Регион

СВР Струмица: Физички напади во Василево, Ново Село и Ораовица

На 04.01.2022 во 13.40 часот во Полициската станица Струмица, Т.Т. (66) од село Василево, струмичко, пријавила дека околу 10.00 часот во село Василево била физички нападната од А.Т. од истото село. Истиот ден и А.Т.(27) пријавил дека бил физички нападнат од Т.Т. од село Василево. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.01.2022 во 19.00 часот во Полициското одделение Ново Село, Г.А.(42) од село Ново Село пријавил дека околу 16.30 часот во село Ново Село бил физички нападнат од А.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.01.2022 во 01.30 часот во Полициската станица Радовиш, Н.Ч.(27) од село Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 00.40 часот на ул.„22 Октомври“ во Радовиш бил физички нападнат од Л.Н. и уште едно лице. Полициската станица Радовиш презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Препорачуваме:

Видео – Градоначалникот Костадинов ќе работи на популаризација на валандовската Ракијада

Ване Трајков

Ристова-Патрикова: Се прават измени на Генералниот урбанистички план за општина Струмица

Ване Трајков

Во ООУ „Герас Цунев“ од Просениково се одржа Отворен ден за родителите

Dimitar Micev