• Fri. May 10th, 2024

Пандевци со огромни шанси за излез во Европа, потребна е победа над Работнички во Турново

Со победата над Пелистер во гости со резултат од 3:1, фудбалерите на Академија Пандев ги задржија шансите да излезат во фудбалска Европа. Доколку пак веќе следното коло во недела на стадионот во Турново забележат нова победа против скопски Работнички, вратите во Лигата на Европа ќе бидат далеку подотворени. Ова се дел од калкулациите на три кола до крајот на прволигашкиот фудбалски шампионат на Македонија за дел од местата кои носат билет и излез на европската сцена конкретно во квалификациите од Лигата на Европа. 

Ако се исклучи Шкендија која си ја осигури шампионската титула и пласманот во квалификациите од лигата на Шампиони, дури шест екипи се во игра за можните три билети за Лигата на Европа. Три доколку Шкендија го освои Купот во спротивно само за второ и третопласираниот од шампионатот ќе има европски фудбал. Меѓу нив шанси има и струмичката Академија Пандев која ова сезона дебитираше во Првата лига.

Тие веќе во недела играат со Работнички за што им е потребна подршка од струмичани за нова победа. Дуелот се игра во Турново во 16 часот и 30 минути. Доколку го освојат три бода ќе бидат четврти. Потоа му гостуваат на Вардар кој веќе осигури излез во Европа за да на крај, одлучувачки биде дуелот со Силекс од Кратово на стадионот Кукуш.

Во меѓувреме важен ќе биде епилогот и на Вардар Силекс и Работнички во останатите дуели. Сепак познавачите велат дека на Академија Пандев и се потребни победи за да може да се најде на третата позиција

Еве го  редоследот на табелата

1 Шкендија …………………………….. 82

2. Вардар …………………………………..53   игра со Пелситер (д) Пандев (д) Шкупи во гости

3. Силекс……………………………………. 46  игра со Победа (г) , Работнички (д) Пандев во гости

4. Работнички……………………………45    игра со  Пандев во (г), Силекс (г)  Скопје дома

5. Академија Пандев ……………… 42    игра со Работнички (д), Вардар во (г)Силекс дома

6. Ренова …………………………………….41    игра со Шкупи во (г )-, Шкендија (д) Победа во гости

7. Шкупи……………………………………….39   игра со Ренова (д), Пелистер (г) Вардар дома

8. Скопје ………………………………………32

9.  Победа……………………………………..32

10 Пелистер………………………………….31

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *