• Tue. May 14th, 2024

Фото – ,,Срцето му чука, цел живот сум тука …. ШАМПИОНСКИ запеа струмичани среде Скопје

Срцето му чууука… Цел живот сум тууука……Плаво бела боја, е и крвта моја…..

Ова беше песната со која одбојкарите на Струмица го кренаа шампионскиот пехар во Скопје откако ја забележаа и третата победа против Вардар во финалната серија за освојување на одбојкарската титула

Избраниците на Кире Ричлиев не дозволија изненадување. Лавовски се изборија за нова победа. Со 3:2 во сетови беа запечатени надежите на вардарци за евентуална петта пресметка во сала Партизан

Струмица по почетниот пораз на свој терен, беше неприкосновен во следните три финални меча. Во Скопје славеше со 3:2, дома со 3:1 и вечерва со 3:2 во сетови со што ја одбрани титулата од минатата сезона

За потсетување освен Шампионската , одбојкарите на Струмица ја освоија и Куп титулата

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *