Регион

Отворена изложбата „Несовршен простор“ – наградата „Владимир Георгиевски“ ја доби ликовниот уметник Ѓорги Динев

Здружението за култура Транзен по шести пат ја реализираше изложбата „Несовршен простор“. Се доделува и наградата „Владимир Георгиевски“, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски.

Добитник на наградата оваа година е младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ.

Оваа година наградата ја финансира и доделува семејството на професорот Георгиевски.

Изложбата е поставена во просториите на Europe House Струмица и финансиски е поддржана од Делегацијата на ЕУ во Република С. Македонија.

Препорачуваме:

Евроамбасадорот Гир во посета на Ново Село

Ване Трајков

РЦУК Гевгелија: Обука на тема „Истанбулски протокол и спречување на тортура во рамки на системот“

Ѓ. K.

Речиси 400 пријави за уличното осветлување до „Систем 48“ за шест месеци во Струмица

Сузана Мицева