• Sun. May 12th, 2024

Огромен интерес за проекцијата на филмот „Света Петка – Крст во пустината“

ByЃ. K.

Oct 6, 2023

Синоќа во НУЦК „Антон Панов“ Струмица беше прикажан филмот „Света Петка – Крст во пустината“ на Хаџи Александар Ѓуровиќ.

Од фондација Елеуса се заблагодарија на огромниот интерес кој го покажаа струмичани кои присуствуваа на проекцијата. Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше исполнета до последно место. Публиката имаше можност да ја посведочи вистинската приказна за големата светителка.

By Ѓ. K.