• Fri. May 17th, 2024

Првоодделенците од Струмица ја одбележаа Детската недела

ByЃ. K.

Oct 6, 2023

Денес во Дом на АРМ, со пригодна програма наменета за првоодделенците од општина Струмица, беше одбележана Детската недела, која секоја година, во првата седмица од месец октомври, се одбележува во сите земји-членки на Обединетите нации.

Во рамките на свеченоста струмичките првачиња беа примени во Детската организација, а приемот им го честитаа членките на Советот на општина Струмица Силвана Стојанова и Танкица Митрева.

Пренесувајќи им ги поздравите и честитките од градоначалникот Костадин Костадинов, струмичките советнички ги запознаа децата со нивните права, а во своето обраќање меѓу другото истакнаа: „Бидете среќни што сте деца. Бидете горди што сте дел од „Детската организација“, но бидете и свесни дека вие имате свои права кои мора да се почитуваат. Тие ваши права се пропишани со еден важен документ донесен во Обединетите нации кој се вика „Декларација за правата на детето“.

By Ѓ. K.